Протест на сопствениците на педалинки во Струга

Околу 20-тина сопственици на педалинки на струшкото крајбрежје преку протест  бараат од градските власти да ја приспитаат одлуката за забрана на користење на овие реквизити за рекреација и забава на вода. На повеќето од нив единствената егзистенција им е токму оваа работа која ја нудат во сезоната за да можат да преживеат во текот на целата година, објави Сител.

Тие велат дека забраната е донесена без поширока јавна расправа иако во целост тие ги почитуваат безбедносните мерки и им нудат  појаси на лицата кои сакаат да изнајмат педалинки додвајќи  дека станува збор за радикална мерка бидејќи несреќи се случуваат и во сообраќајот.

Сопствениците на педалинки покренаа  петиција која ќе биде доставена до надлежните институции и најавија дека доколку не се промени ваквата одлука за забрана тие правдаат ќе ја бараат на суд.

 

 

 

30.05.2018 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега