Поранешниот свршеник на Лејди Гага се ожени со 15 години помлада манекенка
Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата „Чикаго во пламен“, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.
Тие имаа мала, приватна церемонија во Чикаго, каде што Кини неодамна го заврши снимањето на 12-тата сезона од серијата на Ен-би-си, пишува „Пипл“.
Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на „Инстаграм“ во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан. Иако двојката јавно не зборуваше за својата врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата „Чикаго во пламен“ во 2022 година во 11-тата сезона.
Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.
Кругер на Универзитетот во Ајова дипломирала новинарство во 2017 година. По тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментно работи со скратено работно време како менаџер за развој на бизнис за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа