Еве кои скопски населби утре ќе останат без струја

Дел од скопската населба Злокуќани, Домот за стари лица и фирмата „Агроимпекс“ утре од 8 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија.

В понеделник без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Карпош, лоцирани на ул. „Волгоградска“, зграда број 10. Дел од жителите од улиците „Лихнида“, „Ѓорче Петров“ и „Шидска“ ќе бидат без струја од 9 до 12 часот. Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Студеничани, од улиците со бр. 3, 4, 5 и 6.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.

13.09.2013 - 12:49
Фото: 
Дневник.мк

најчитано сега