По месец дена, Наташа Беквалац се огласи на социјалните мрежи (фото)
Откако сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна минатиот месец, Наташа Беквалац воопшто не се огласуваше на социјалните мрежи, ниту, пак, во медиумите.
Поради судењето, кое би требало да почне наскоро, како и поради трауматичното искуство, пејачката се повлече во семејно опкружување, насочувајќи се кон ќерките Хана и Катја.
Меѓутоа, по месец и пол од немилиот настан, Наташа одлучи со своите обожаватели на Инстаграм да сподели фотографија снимена во Нови Сад, со една порака:
„Најмал допир може да каже илјада зборови, ти благодарам, Балерина“, напиша под фотографијата на која гали коњ со постарата ќерка, и со тоа покажа дека полека закрепнува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа