Една работа ги разликува: Како да разликувате отровна од безопасна змија и да се заштитите
За да избегнете напад од змија, кога шетате правете бука и носете стап, па тропајте по тлото и до средба нема да дојде...
Познато е на кој начин може да разликувате отровница, од неотровна змија.
Основната разлика е во обликот на лавата, бидејќи отровниците имаат триаголнеста или срцевидна глава која кај неотровните е повеќе во вид на јајце. Освен ноздрите кои кај повеќето отровниците се поголеми, тие во близина на ноздрите поседуваат додатна дупка. Отровниците имаат и потенок врат.
Очите на сите отровници имаат поголема зеница која м служи за гледање во темнина, додека зениците на нетровните змии се круглести и помали.
Дури и нивното телот може да се разликува, па така телото на отровницата е покриено со еден ред крлушки, за разлика од неотровните змии чие тело е покриено со крлушки распоредени водва дела.
Опасни се само каснувањата од змија отровница. Поскокот е многу отровен и некое каснување може да биде кобно доколку не се лекува и знае да заврши со смрт.
Каснатата личност треба веднаш да се однесе на лекар. Често може да се прочита дека раната треба да се засече и да се исцица. Но, тоа е сосема погрешно. Засечувањето само ја влошува состојбата. Раната може евентуално да се превезе за да се спречи ширење на отровот низ телото, но тоа мора да биде изведено така што нема да спречува доток на крв во телото. Сето тоа е тешко да се изведе и затоа не се препорачува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа