Бенитез: Хамшик вреди десетпати повеќе од Бејл

Рафаел Бенитез денеска изјави дека Марек Хамшик вреди многу повеќе од играчот на Реал Мадрид Герет Бејл.

- Хамшик е фудбалер кој нема цена. Мислам дека тој повеќе вреди од Бејл. Дали Велшанецот навистина вреди 100 милиони евра? За секој добар играч има некој клуб кој ќе ја плати неговата барана сума. Хамшик нема цена и не е на продажба, изјави Бенитез за италјанските медиуми.

Бенитез е задоволен од трансферите во неговиот клуб остварени во летниот преоден рок.

- Откако беше продаден Кавани заедно со претседателот Лаурентис ги потенциравме можните засилувања. Меѓу нив беше и Гонзало Игуаин кој подоцна стана наш играч. Лаурентис ги исполни моите желби и докажа дека има доверба во мене, нагласил Бенитез.

Италјанскиот фудбалски клуб Наполи по две одиграни кола во Серија А се наоѓа на врвот на табелата со шест бодови колку што имаат уште четири други екипи.  

12.09.2013 - 15:52