Замислата станува реалност: Изберете што ќе сонувате

Дали би сакале сами да избирате што ќе сонувате секоја вечер? Тоа можеби ќе биде возможно наскоро.

Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс развиваат уред кој на луѓето ќе им овозможи да ги контролираат своите сонови и да влегуваат во фаза од сонот кога се случуваат халуцинации. Станува збор за хипнагогија – свесна состојба помеѓу сонот и јавето која се јавува во моментот на будење или заспивање и вклучува искривена перцепција за просторот и времето. Оваа состојба може да предизвика сонови во кои лицето е свесно дека сонува, па може да преземе контрола над сопствениот сон. Една од манифестациите на хипнагогијата е вонтелесното искуство кај кое се јавува чувство на лебдење и напуштање на телото.

Томас Едисон и Салвадор Дали намерно ја предизвикувале оваа состојба за да добијат извор на инспирација и нови идеи. Научниците сега создаваат уред кој врз основа на отчукувањата на срцето и придвижувањето на мускулите покажува кога лицето излегува од фазата на хипнагогија и влегува во длабок сон. Веднаш потоа, робот кои стои до креветот е подесен да испушти звук за да го врати лицето во состојба на хипнагогија. Тој звук може да биде било каков, дури и збор, а научниците откриле дека ако роботот каже “зајак” или “море”, лицето ќе ги сонува токму овие симболи.

 

 

 

14.05.2018 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега