Ова е највакланиот дел од автомобилот, а не е ни волан ни кваката

Многумина трошат голема сума пари на разни средства за чистење на внатрешноста на својот автомобил. Сепак, се поставува прашањето кои се навистина ефикасни.

Проблемов ги заинтересира и инженерите од Ford центарот за технолошки иновации, кои во соработка со универзитетот Мичиген направија истражување за да дознаат кои делови од ентериерот од автомобилот се највалкани. 

Резултатите не се толку изненадувачки, а како што покажа истражувањето, човекот претставува важен фактор, затоа што највалканите делови се токму оние со кои возачот има најмногу контакт.

Испитаните примероци се земени од десет места во внатрешноста на автомобилот, вклучувајќи го и воланот, копчето за радиото, рачките на вратите и рачките за отворање на прозорот.

Резултатите покажуваат дека внатрешноста на автомобилот е сложен екосистем во кој живеат милијарди микроорганизми, кои не само што доаѓаат во контакт со човекот, туку имаат и меѓусебна интеракција.

Двете највалкани места во автомобилот се управувачот и деловите од конзолата каде обично се држат чашите, пред сè затоа што и една капка претставува одлично тло за хранење на микробите. 

Целта на истражувањето е развој на адитиви за бои кои користат за ентериер, а кои содржат соединенија кои претставуваат одлична заштита од микроби. Називот на ова соединение е Агион, а доколку се покаже како успешно, наскоро ќе започне неговата примена во сериското производство.

 

 

 

14.05.2018 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега