„Појдок на мост“ на 22 септември на Камениот и на мостот Око

Четвртата манифестација „Појадок на мост“ ќе се одржи на 22 септември, првпат на два моста - Камениот и Око, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Скопје Коце Трајаниовски.

- Граѓаните на Скопје кои што сакаат да учествуваат на појадокот, треба да имаат билет кој ќе можат да го подигната од пункт пред ресторанот „Пелистер“ од 13 до 19 септември. Билетот ќе биде бесплатен, рече Трајановски.

Посочи дека на двата моста ќе бидат поставени маси и столици, а манифестацијата ќе ја помогнат голем број донатори - ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалоци. Присутните ќе бидат забавувани од уличните музичари, а во организацијата на манифестацијата ќе помогнат учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“.

Годинашниот „Појадок на мост“ ќе биде од 9 до 11 часот, а ќе  може да присуствуваат 2.500 луѓе.

12.09.2013 - 12:33
Фото: 
Кирилица