„Водовод и канализација“ со важна информација за сите со заостанати сметки

ЈП „Водовод и канализација“  го продолжи рокот во кој гаѓаните може да платат заостанат долг на рати.

- Акцијата што започна на 2 април и требаше да трае до 15 мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29 мај 2018 година, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода по основ на тужени сметки и редовени сметки ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Со Јавното претпријатие наведуваат дека со оваа одлука сакаат да се излезе во пресрет на сите нивни корисници.

 

 

 

14.05.2018 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега