Рускиот претседател Путин го предупреди Обама за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин во колумна во весникот „Њујорк тајмс“ ги предупредува САД да бидат претпазливи со нивната политика кон Сирија.

Во текстот, во кој вели дека сириските настани го натерале директно да им се обрати на американските граѓани, рускиот претседател предупредува на последиците на евентуалниот американски напад врз Сирија.

Влада на Путин во изминатите две години колку што трае граѓанската војна, го помага режимот во Сирија, против бунтовничките сили кои добиваат помош од САД.

Рускиот претседател, обвинува дека бунтовничките сили се составени од исламисти, поврзани со Ал каеда и други терористчки организации, како и од многу платеници од арапските, западните земји, па и Русија.

Тој потврдува дека во Сирија бил употребен хемиски отров, што е главниот американски аргумент за напад врз оваа земја, но вели дека него не го извршил режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, туку бунтовниците, за да предизвикаат американска интервенција. Путин предупредува дека бунтовниците сега подготвуваат сличен ваков провокативен напад и врз Израел. Поради тоа, рускиот претседател го поздравува интересот на американскиот претседател Барак Обама за дипломатска разврска на состојбата во Сирија, која соопшти дека се согласува да го предаде своето хемиско оружје.

 Во прилог на противењето на напади врз Сирија, Путин ги посочува и американските воени интервенции во Авганистан, Ирак и Либија.

12.09.2013 - 11:27

најчитано сега