Турската полиција со солзавец и водени топови против гневните демонстранти

Припадници на турската полиција и минатата ноќ, трета по ред, се судрија со демонстрантите во повеќе градови во земјата.

Полицијата за да ја растера разбеснетата толпа употреби солзавец и водени топови. Протестите овојпат се по повод смртта на 22-годишен демонстрант во Хатај. 

Протестите во Хатај беа организирани против плановите на властите да изградат пат преку територијата на еден Универзитет во Анкара, за што е потребно да бидат исечени повеќе дрва. За време на протестите во Хатај Атакан со сериозни повреди бил пренесен во болница, каде набрзо им подлегнал на здобиените повреди.

Аналитичарите не ја исклучуваат можноста новите демонстрации да прераснат во масовни протести.

12.09.2013 - 11:23
Фото: 
Кајгана

најчитано сега