Ова е голема тајна за луѓето кои плачат додека гледаат тажен филм

Дури 92% од луѓето „пуштиле солза“ барем еднаж во животот како последица од гледање на некоја емотивна сцена од филм, покажаа истражувањата.

Анонимно, секако, затоа што повеќето луѓе сметаат дека плачењето е знак на слабост. Но, без разлика кој плаче и зошто, никој не треба да се срами од своите солзи затоа што тоа нас нè прави луѓе, а сето тоа сега го потврди и науката.

Плачењето е тоа што нè прави да биде сочуствителни, друштвени и дарежливи. Токму сочуствителноста е особина на лидерите и успешните луѓе затоа што тоа е знак на висока емоционална интелегенција. Со други зборови, доколку плачете за време на тажните сцени - солзите значат емоционална стабилност, а не слабост.

Фикцијата, безразлика дали е филмска или книжевна најмногу ја зголемува способноста за сочуствителност, покажа едно истражување. Само луѓето со развиена емпатија можат да се поистоветат со ликот и да ја почувствуваат неговата тага, а исто така потребна е голема фантазија за човекот да се префрли во измислениот свет.

На пример, психопатите можат да бидат неверојатно интелегентни, но никако нема да можат да ја сфатат динамиката на односот кај книжевните ликови. Социопатите од друга страна ќе ја разберат, но нема да можат да сочуствуваат. Ниту едните, ниту другите нема да плачат!

За разлика од нив, мозокот на нормалниот човек е „создаден“ да се расплаче за време на емоционалните сцени. Додека гледаме такви сцени, мозокот создава окситоцин, силен хормон и неуротрансмитер поради кој сме почуствителни и нè поврзува со другите луѓе.

 

 

 

10.05.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега