СЈО бара конфискување на имот во вредност од 2 милиони евра од обвинетите за случајот „Титаник“

На крајот од презентирањето на обвинителниот акт, обвинителка Лиле Стефанова поднесе посебен предлог за конфискација на имот од обвинети во предметот Титаник, пишува Фокус.

Од Никола Груевски и Мартин Протуѓер се бара солидарно да се конфискува имот во вредност од 34.908.700 денари. Од Никола Груевски повторно, Илија Димовски и уште еден обвинет се бара солидарно конфискување на имот во вредност од 41.435.400 денари. И со третиот посебен предлог е опфатен Груевски. Од него, Димовски и од обвинетиот Леко Ристевски се бараат 62.730.874 денари.

 

 

 

09.05.2018 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега