СДСМ: Мицкоски е лош актер влезен во филм на Груевски
Од СДСМ денеска реагираат на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според партијата, како и неговиот претходник Никола Груевски со години неосновано и напразно го обвинувал Зоран Заев за неговата работа во општина Струмица.
Според СДСМ, во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ имало целосна контрола врз институциите и доколку постоело и најмало сомневање за сторен криминал од страна на Заев и неговото семејство тие веднаш ќе биле процесуирани.
„Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите и доколку постоеше и најмало сомневање за сторен криминал од страна на претседателот Заев и неговото семејство тие веднаш ќе беа процесуирани. Јавноста се уште памети дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции буквално со месеци живееја во Струмица и не успеаја да најдат ништо незаконско.
Затоа, несериозно и неодговорно е Мицкоски денеска после четири години да се обидува да оживува потрошени лажни и наводни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е уште една промашена прес-конференција на Мицкоски коja исто како и претходната е целосно разобличена. Залудни се измислените наводи на Мицкоски, постапката е чиста и транспарентна и е во интерес на Oпштина Струмица и економијата.
Со денешниот настап, Мицкоски повторно покажа дека е лош актер влезен во филмот на неговиот претходник и исто така лош актер, Никола Груевски“, стои во реакцијата на СДСМ..
Мицкоски денеска обвини дека премиерот Заев отуѓил државно градежно земјиште во Струмица кое на крајот по повеќе постапки завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа