Време: Утре ќе не разлади дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне со умерен развој на нестабилна облачност проследена со локален дожд и појава на грмежи, особено во западните делови.

Температурата ќе се движи од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 30 степени.