Како ефикасно и практично да одгледате краставици во буре

 

Краставици може да одгледувате и во буре, а тоа да ви донесе плод како на голема површина, но со помалку обврски, а при тоа ќе го заштитите плодот од различни болести.

Ставете на сончева страна на парцелата едно или неколку буриња. На дното на бурето ставете прво органски отпад: лисја, слама, корења, кора од банана и друго овошје и зеленчук како и гранки.

Исто така користите и ѓубриво. Наполнете го бурето.

Во мај наполнете го бурето до крај со земја, дебелина околу  10-15 сантиметри.

Полијте со вода и одма насадите ги семките. За едно буре потребни ви се 9-10 семки засадени на растојание од 15 сантиметри.

За да ја сочувате топлината покријте ги со црна фолија или со пластични шишиња.

Садниците ќе растат како квасец, ако им обезбедите оптимална микроклима со помош на помал сад со вода на средина на бурето кое ќе го полните со вода по потреба.

bure4

Средина на јуни кога времето е топло можете да го тргнете најлонот. Краставиците ќе растат и ќе се вртат околу бурето.

 

 

 

04.05.2018 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега