Брутална одмазда на принцот Хари за мајчината смрт - нив не сака да ги види на свадба

Само рети фотографи ќе имаат можност да ја фотографираат свадбата на Хари и Меган, а истото се однесува и за телевизиските екипи.

„Конфликтот меѓу нас медиумите и кралското семејствот резултираше со ситуација каква имаме денес“, рекол Артур Едвардс, фотограф од британскиот весник Сан, кој кариерата ја посветил на фотографирање и следење на британското кралско семејство.

Хаи и Меган скоро воопшто не сакаат присуство на медиумите на свадбата. Само еден новинар ќе биде во црквата додека неколку фотографи ќе имаат пристап до дворот додека трае венчавката.

Едвардс откива дека Хари станал толку повлечен што повеќе и не ги поздравува новинарите, што досега беше прашање на бонтон. Тоа може да влече корени и поради начинот на кој медиумите ја третирале неговата мајка, покојната принцеза Дајана, а посебно нејзината смрт. Таа загина бегајќ од новинарите кои ја бркаа по париските улици.

„Прво ја бркаа како шопор гладни кучиња, а потоа ја фотографираа како умира на задното седиште од автомобилот“, рекол принцот Хари на минатогодишното интервју.

Својата одмазда за новинарите ја сервирал ладно и пресметано, скратувајќи им пристап на најважниот ден во годината, кој би им донел многу пари. Во еден момент ги нарекол и сексистички и расистички подтонови кои нема да ги толерира.

 

 

 

 

04.05.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега