Заштитете ги своите билки: Генијален трик за ги избркате мравките и инсектите од градината

Летото покрај прекрасното време ни носи и непријатни каснатини од комарци. За да го избегнете чешањето и црвените пликови, не се залажувајте со скапи хемикалии, туку одлучете се за поприродна, домашна варијанта.

Многу билки имаат есенцијални масла кои ја имаат способноста да ги блокираат центрите за дишење кај комарците, па се многу делотворни. Помеѓу нив спаѓаат нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата.

За почеток, потребна ви е шолја вода, медицински алкохол, ментол и лаванда.

Шолјата вода оставете ја да зоврие, па во неа додајте 3-4 лажици од наведените сушени билки. Поклопете го садот и оставете да остојат додека водата не се олади.

На крај, во добиениот раствор, додадете медицински алкохол и преточете ја течноста во шише со распрскувач.

За најмладите, подгответе<strong> спреј без алкохол по следниот рецепт.

Потребен ви е 1 литар јаболков оцет, 10 лажици сушени билки по избор (жалфија, рузмарин, лаванда, темјан или ментол.)

Билките ставете ги во тегла со херметички капак, прелијте ги со оцет и оставете ја мешавината да отстои 2-3 седмици на собна температура.

Пред употреба, ароматичниот оцет промешајте го со вода, во размер 1:1, претурете во шишенце и прскајте како спреј.

Ако знаете, и вие споделете некој нов, испробан и делотворен рецепт. Секоја заштита е добредојдена!

 

 

 

03.05.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега