Тајни шифри на кралицата Елизабета: Кога ќе почне да врти со прстенот тоа значи само едно

Кралскиот биограф Сели Бедел Смит го има одговорот: Кралицата Елизабета II во својата чанта  секогаш носи огледалце, кармин, пенкало, ментол бонбони и очила за читање. Плус, во неделите таа носи и свиткани ситни пари кои ги дава како донации во црквата.

Но, чантата на Кралицата Елизабета II има и друга намена, за која сигурно не сте знаеле – таа ја употребува чантата за да им испраќа тајни сигнали на нејзиниот персонал и обезбедување!

1488464870-syn-hbz-1488389963-queen-elizabeth-purse

Доколку забележите дека Кралицата разговара со некого, а притоа ја премести чантата од едната во другата рака, тоа е знак дека сака да го заврши разговорот со соговорникот и персоналот доаѓа да ги прекине. Смит вели дека тоа се случува толку дискретно, што и да го знаете ова најверојатно нема да забележите кога се случило.

1488464874-syn-hbz-1488389144-queen-elizabeth-purse-floor

Доколку пак ја стави чантата на маса за време на вечера, тоа е знак дека сака вечерата да заврши во следните пет минути. Доколку ја стави чантата на подот, тоа значи дека разговорот не ѝ е пријатен и тогаш доаѓа напомош нејзината асистентка која “ја вади” од непријатната ситуација.

Сепак, најзагрижувачкиот таен сигнал е кога Кралицата почнува да го врти прстенот на раката, што значи дека веднаш треба да биде спасена. Да се надеваме дека нема да има потреба да го искористи овој знак во иднина.

 

 

 

02.05.2018 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега