Кокосовото масло воопшто не е здраво, кога ќе видите што содржи веќе никогаш нема да го користите

Маслото од кокос во последните години се наметна како универзален лек и средство кои може да послужи за најразлични намени, од пржење на храна, до белеење на забите.

Меѓутоа, научниците сега тврдат дека кокосовото масло не е ништо подобро од другите видови на масла. Дури, сметаат дека е полошо.

Американското здружение за борба против болести на срцето во почетокот на оваа недела, дава нови препораки за исхрана во кои маслото од кокос е на црната листа.

Според неодамна спроведената студија, маслото од кокос содржи 82 отсто заситени масти, многу повеќе од другите масла, што го прави потенцијално штетно за артериите. Со други зборови, нема причина путерот и маслиновото масло да се заменуваат со кокосово масло, бидејќи не е воопшто поздраво.

“Квалитетот на храната не значи елиминирање на масти, туку внимателен избор. Треба да се изберат незаситени масти и цели интегрални зрна, наместо рафиниран шеќер и јаглехидрати”, вели Викторија Тејлор од Британската асоцијација за борба против срцеви заболувања.

“Секоја промена треба да се гледа во контекст на вкупната исхрана. Традиционалната медитеранска исхрана докажано го намалува големиот број на ризици за здравјето на срцето. Препорачуваме заситените масти во исхраната да се заменат незаситени и наместо мрсно месо и масло, да се користи помрсна риба, ореви и семки.

 

 

 

01.05.2018 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега