Метеорит кој падна на Земјата донесе состојки за создавање живот
Во метеоритот „Сутерс Мил“, кој во април минатата година падна во регионот на Калифорнија се пронајдени органски молекули.
Делови од метероитот може да отворат нови прашања за животот на Земјата. Научниците тврдат дека откриле состојки за настанокот на живот, односно органски молекули, досега непознати, кои биле во внатрешноста на парчињата камења кои паднале на Земјата.
Метеоритите кои паѓаат на земјата најчесто се фрагменти на астероиди, кои се наоѓаат над планетите Марс и Јуптер. Метеоритите можат да бидат богати органски соединенија вклучуваќи ги и оние кои се наоѓаат на Земјата.
Органските молекули кои биохемичарите ги пронајдоа во „Сутерс Мил “ би можеле да формираат основни групи на молекули кои би можеле да содржат соединенија корисни во предбиолошката еволуција, вели Сандра Пицарело, авторка на студијата во која се претставени податоци од анализите на камењата на метеоритот.