Воз уби младо момче од Велес - стравична несреќа на пругата Велес-Битола
Вчера попладне околу 18 часот, на околу 500 метри од Железничката станица Велес према Железничка станица Чашка, се случила железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во 28 годишниот велешанец Марко С. кој седел на средина од пругата.
Од полицијата информираат дека Марко починал на лице место.
По наредба на Истражен судија, телото на момчето е предадено за обдукција.