Пламени јазици усмртија седуммина пожарникари во Австралија

 

Седуммина пожарникари загинаа при гаснење на пожар во најнаселената австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс каде е прогласена вонредна состојба.

За ширењето на пожарот придонесува и топлото време, бидејќи температурата во регионот изнесува околу 30 степени.

Според заменик шефот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Боб Роџерс моментно се утврдуваат причините за пожарот, а не се исклучува можноста тој да е подметнат.

- Во повеќе од 20 отсто случаи на подметнати пожари, ситуацијата не можеме да ја задржиме под контрола, изјави Роџерс.

11.09.2013 - 12:51
Фото: 
пластик.бг

најчитано сега