Машки труп пронајден во шахта во Гевгелија

 

Утринава по полноќ во полициската станица во Гевгелија од страна на Медицински центар во Гевгелија било пријавено дека  е  донесено непознато починато  машко  лице.

Се работи за  42-годишниот Атанас М. од Богданци, кој  бил пронајден и изваден од шахта  од страна на вработен на  бензинската пумпа “Шимов”, лоцирана на регионалниот пат Гевгелија-Богданци. На местото на настанот, до самата шахта биле пронајдени клучеви за одвртување на штрафови и три канти од кои едната полна со нафта.

Телото на починатиот кој инаку бил вработен како механички одржувач на бензинската пумпа  и во тоа време не бил на работа, ќе биде предадено за обдукција. 

Полицијата работи на расветлување на случајот.

10.09.2013 - 13:22

најчитано сега