Цукерберг откри колку време ќе биде потребно за да се решат проблемите со Фејсбук, одговорот нема да ви се допадне

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг смета дека ќе бидат потребни неколку години за да може да се решат проблемите и пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците.

– Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам”, бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет-врската меѓу луѓето, рече Цукерберг.

Тој, во интервјуто за сајтот „Вокс“ вели дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки.

– Мислам дека луѓето, сега со право, се фокусираат на некои од ризиците и лошите страни, додаде тој.

– Мислам дека ќе го решиме овој проблем, но ќе бидат потребни неколку години. Јас би сакал да ги решам сите овие прашања за три или четири месеци, но мислам дека вистината е дека ќе биде потребно повеќе време за решавање на некои од овие прашања, истакна Цукерберг.

 

 

 

02.04.2018 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа