Македонија ја подобрила конкурентноста

 

Во најновиот извештај на Светскиот економски форум Македонија се најде на 73. место на листата за конкурентност, искачувајќи се за дури седум места од минатата година.

Од земјите во регионот Бугарија е на 57 место, Словенија 62., Црна Гора на 67., Хрватска на 75., БиХ на 87., Грција на 91., Албанија на 95. и Србија на 101-та позиција.

Според извештајот, најконкурентна од 148. земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во првите 10 се и Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија.  

Во Извештајот Светскиот економски форум, конкуретноста се дефинира како збир на институции, политики и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивност на некоја земја, а ги содржи и резултатите на анкетата меѓу бизнис заедницата за ефикасноста на владата и транспареноста

05.09.2013 - 10:31

најчитано сега