Нова трагедија: Делчевец загина со мопед

 

54-годишник од Делчево загина во сообраќајна несреќа. Со нерегистриран мопед излетал на булеварот „Македонија“ во Делчево, а потоа им подлегнал на повредите.

-Вчера во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од с.Ѕвегор, управувајќи  мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево, велат од МВР.

 

10.02.2025 - 12:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега