Скопјанец заврши зад решетки: Киднапирал и малтретирал човек поради долг

 


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

Тој, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, околу 01.30 часот на 08.02.2025 со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите.

Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица, а по преземени мерки во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј., по што бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал.

По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

10.02.2025 - 12:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега