Намалена видливост поради магла - АМСМ препорачува каде да внимавате

 

Намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри има на патниот правец Делчево- граничен премин Делчево, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

 

 

 

23.02.2018 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега