Телеграма со сочувство од Талат Џафери до семејството на Адеми

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од свое име и од име на пратениците на Собранието на РМ упати телеграма со сочувство за смртта на Абдилаќим Адеми, поранешен пратеник, министер за образование, заменик-претседател на Влада и генерален секретар на ДУИ.

- Горката вест за раното успокојување не потресе многу, не потсети колку сме немоќни пред судбината меѓутоа и дека треба да го цениме и вреднуваме секој миг, секој спомен што сме го споделиле со добри луѓе, благородни луѓе и почитувани интелектуалци кои оставиле трага во нашето општество Таков беше Абдилаќим Адеми и споменот за него нема никогаш да избледи, се наведува во телеграмата од Џафери до семејството на Адеми.

 

 

 

16.02.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега