Димитров: Национализмот во Македонија сакаме да го замениме со „визионерски патриотизам“

Денеска во Софија ќе се одржи нов круг на преговори меѓу Македонија и Грција за проблемот со името кое Македонија го има со нашот јужен сосед. 

Пред следниот круг разговори за името, министерот за надворешни работи Никола Димитров даде интервју за бугарска „НОВА.

„И двајцата сакаме да го решиме проблемот со министерот Коѕијас, што е добар почеток. Се разбира, ние исто така имаме разлики околу тоа како треба да се реши овој проблем“, вели Никола Димитров.

„Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се покаже на остатокот од Европа дека овде на Балканот можеме да се однесуваме европски. Битката е помеѓу силите на иднината и силите од минатото“, рече тој.

„Сакам мојот народ да биде со исправена глава кога ќе решиме нешто и ќе се ракуваме“, истакна Димитров.

„Во моментов, национализмот е слаб во Македонија и ние се обидуваме да го замениме со нешто што ние го нарекуваме „визионерски патриотизам“ – каде сакаме да бидеме по 10 – 15 години. Затоа сме многу благодарни на бугарското претседателство, бидејќи, во тешка ситуација за Европа – заедно со „Брегзит“ и мигрантската криза, бугарското претседателство успеа да го врати Западен Балкан на дневен ред. Многу е важно да го фатиме овој воз. Долго време сме во чекалницата, важно е за нас, исто така е важно за стабилноста во регионот да се качиме на него“, заклучи министерот.

 

 

 

 

16.02.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега