Заменик раководителот на УСАИД, Брок Бриман следната недела во посета на Македонија

Заменик ракoводителот на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Брок Бриман, идната недела доаѓа во посета на Македонија и Косово, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  

Ова е негова прва посета на регионот откако на почетокот на годината стапи на функцијата, стои во дописот од американскиот Стејт департмент.

Во Македонија Бриман ќе оствари средби со претставници на Владата, како и со претставници од граѓанскиот и од бизнис секторот. Разговорите ќе се фокусираат на можностите за зајакнување на бизнис секторот во Македонија, развојот на младите и поддршката за независните медиуми, се наведува во дописот.

Покрај Македонија, Бриман ќе го посети и Косово каде ќе учествува на одбележувањето на 10-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово. Предвидено е високиот американски дипломат да ги посети и Азербејџан и Грузија.

УСАИД е владина агенција зa помош на земјите во развој со мандат од претседателот на САД, а контролирана од Стејт департментот.

Поддршката доаѓа во повеќе области како трговија, земјоделство, економски развој, здравство, итна хуманитарна помош, помош за решавање на конфликти и поддршка за развој на демократските процеси. 

 

 

 

15.02.2018 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега