По шестчасовната средба Димитров-Коѕијас денеска е можна уште една

По средбата во Виена, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас би можеле повторно да се сретнат во Софија, објавија грчките медиуми.

Државната ТВ ЕРТ јави дека нивната средба треба да се одржи денеска, додека останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија, јавува дописникот на МИА од Атина. 

Оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение, искажа и портпаролот на грчката Влада, на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио.

- Преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно прифатливо решение. Сепак, не сакам во овој момент да предвидам ништо. Работиме во насока да се постигне договор за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, за што предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име, рече Ѕанакопулос за грчкото радио.

Портпаролот на грчката Влада без коментар за техничките детали од преговорите, особено во однос на тоа дали нацрт спогодбата и е доставена на македонската страна. 

 

 

 

15.02.2018 - 08:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега