Ќе ве трогне: Починале заедно по 65 години брак

 

Оваа љубовна приказна која доаѓа од САД дефинитивно ќе ве остави без зборови. 91-годишниот Харолд и 89-годишната Рут од Америка во брак биле 65 години, а умреле еден по друг неколку дена пред да ја прослават 66 годишнината од нивното заедничко живеење.

Двајцата старци кои биле сместени во старечки дом починале еден по друг. Најпрво починал  Херолд, а само 11 часа по негоп од тага починала и неговата сопруга.

Според зборовите на нивната ќерка, тие често изјавувале дека сеуште се сакаат и дека би умреле еден без друг.

Старците биле заедно погребани.

Инаку, тие имаат шест деца.

04.09.2013 - 10:44