Груевски: Власта или не сака да го продаде Мерцедесот, или сака на некој свој

Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска седна на обвинителна клупа за набавката на Мерцедесот.

- „Ова е политички процес во кој судиите треба да одработат. И ме ставаат во судница затоа што Заев и Димитров го решаваат името и им треба да се збори за нешто друго", изјави Никола Груевски.

Тој за драстично намалената цена на Мерцедесот кој е на аукција вели дека власта се служи со популизам.

- „Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде“, изјави Груевски.

 

 

 

12.02.2018 - 18:28
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега