Двајца мажи нападнати пред ноќен клуб во Скопје- со тупаници и клоци ги удирале по глава

Вчера во 04.00 часот во Полициската станица Центар,33- годишниот Е.Д и 33-годишниот  В.К, независно еден од друг, пријавиле дека истиот ден околу 03.00 часот пред ноќен бар на улица „50-та Дивизија“ биле физички нападнати од страна на четири непознати лица.

Лицата ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што побегнале во непознат правец, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.02.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега