Едноставен јапонски трик со кој може да заштедите илјадници евра

Се согласувате ли дека најлошото чувство е кога неколку дена пред плата сфаќате дека сметката ви е празна, а немате поим на што сте ги потрошиле парите? Штедењето никуму не му е омилено, но мора да постои начин да сфатите на што ги трошите парите. Тајната може да леи во древната јапонска метода Какеибо која помага да заштедите пари.

Какеибо во превод значи “сметководство на домаќинствата”, а потпирањето на овој метод може да ви заштети поприлично голема сума на пари. Сè што треба да направите е, при крајот на месецот, да седнете и да запишете на лист хартија на што сте потрошиле пари во последните четири недели. Доколку не можете точно да се сетите, напишете го она на кое најчесто трошите пари.

Целта на оваа метода е да пружи надзор над тоа каде сте ги потрошиле вашите пари, но и да ви покаже каде можете да заштедите. Исто така, Какеибо ве подучува да внимавате на четирите области кои им се важни на сите:

1. Опстанок – да бидете во состојба да платите кирија и сметки и да купите храна.

2. Незадолжително – купување нова облека, вечера во ресторани и пијалоци и купување нов лаптоп или мобилен телефон.

3. Култура – посета на кино, театар, концерти и спортски настани.

4. Дополнително – подароци за роденден, непланирани поправки и итни случаи.

Секако, оваа метода не звучи како нешто ново и револуционерно, но многу луѓе кои ја испробале истата тврдат дека заштедиле дури 35 отсто од буџетот.

За оние кои сакаат да заштедат на некој друг начин, тука е и предизвикот наречен “365 дена”, кој луѓето масовно го прифаќаат бидејќи штедењето буквално не се чувствува. За пример, се штеди по принципот на еден денар во понеделник, два денари во вторник, три денари во среда и сè така до недела кога во касата се ставаат седум денари. На крајот од годината ќе имате речиси 1500 денари кои можете да ги искористите на новогодишни подароци или на нешто понеопходно.

Доколку сакате уште поголем предизвик, пробајте секој понеделник да ставате пет денари во касата, вторник – десет, среда – петнаесет и сè така додека во неделата не ставите 35 денари. Со тоа би заштедиле околу 7000 денари.

Поранешната новинарка, а денес и професорка по новинарство – Мари Ц. Френклин, пред 12 години ги тргала настрана сите пет долари кои ги добивала како остаток во текот на плаќањата. Таа вели дека по овој метод, повеќе нема да ги гледате парите со исти очи. Кога ќе видите како се множат, нема да паднете во искушение да ги потрошите, а тоа речиси станува зависно. Самите ќе се предизвикувате во тоа колку брзо ќе можете да заштедите пари.

 

 

 

12.02.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега