ФОТО: Си го дои детето додека вози мотор

 

Едно едногодишно детенце од Кина започнало да плаче на среде улица бидејќи му дошло времето да биде нахрането, па мајката решила да го надои. Ништо од ова не би било чудно и необично доколку мајката не си го нахранила детето додека возела мотор.

- Жената одеднаш ја кренала својата маица, ги открила градите и почнала да го дои детето. При тоа продолжила да вози по многу фреквентна улица,  рекол еден од минувачите.
Мајката била забележана од страна на неколку полицајци кои ја казниле за тоа што го направила.

04.09.2013 - 09:56