Во Кривичен суд денеска рочиште за случајот „Тенк“

Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи по барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски,  кој немал доволно време за подготовка, имајќи предвид дека претходниот ден бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов посочи дека сите обвинети мора да ги добијат своите права, но тоа да не се случува во иднина, бидејќи се одолговекува постапката.

 

 

 

12.02.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега