Фан зона на плоштадот „Македонија“ - сите мечеви на Македонија ќе ги следиме на големиот видео бим

 

Град Скопје во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт денеска ќе постави фан зона на плоштад „Македонија“, за граѓаните да можат да ги следат натпреварите од Европското првенство во кошарка на голем видео бим.

Во фан зоната ќе има столчиња и шатори и тие ќе стојат на плоштадот од денеска се до недела, односно до последниот натпревар на нашата репрезентација во првата фаза од континенталниот собир. Доколку Македонија се пласира и во следната рунда, фан зоната ќе продолжи да функционира.

 

 

04.09.2013 - 09:47
Фото: 
канал 5