ВИДЕО: Цел град на нозе на Градскиот плоштад - охриѓани здружено ќе ги бодрат македонските кошаркари
Од утре, охриѓани ќе можат да се соберат на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и организирано да ги следат настапите на македонските кошаркари на Европското првенство кое се одржува во Словенија. Оваа иницијатива за охриѓани заеднички да ја бодрат нашата репрезентација е дел од одбележувањето на 8-ми септември- Денот на независноста на Македонија, кое оваа година ќе помине во духот на спортот.
Општина Охрид, пред ТВ преносите, ќе организира посебна спортска-забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.
04.09.2013- среда
- 17: 00 – мал спортски саем на спортски здруженија од Охрид
- 17: 45 – следење на кошаркарскиот натпревар Македонија-Црна Гора
На посебни штандови на Градскиот плоштад по рекламни цени ќе се нуди плашица и пиво
05.09.2013 – четврток
- 17: 00 – ревијален Ватерполо натпревар помеѓу ветераните од Охрид и Струга на Градското пристаниште
- 17: 00 – почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во машка конкуренција
- 21: 00 – следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Литванија
06.09.2013 – петок
- 17: 00 - почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во женска конкуренција
- 21: 00 - следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Србија
Организатор на настаните е Општина Охрид, во соработка со Црвен Крст од Охрид, Ј.П "Биљанини извори" и останатите општинските јавни претпријатија.