ФОТО: Имаше само 29 години - Младо момче жртва на автобуската несреќа во Србија

 

Во тешката сообраќајна несреќа која ја потресе вчера Србија, кога се судрија два автобуси рано утрината кај Умка, во близина на Белград, загина 29-годишниот Урош Хрнјиќ.

Несреќното младо момче, кое е една од двете жртви на тешката несреќа, било вработено во термоелектраната "Никола Тесла". 

Втората жртва е 46-годишната В.И. која според српските медиуми работела во Министерството за транспорт, а со автобус патувала 15 години на работа.

Сударот на двата автобуси се случил околу 6 часот и 20 минути на 27. Јануари, на Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Остружница.

Основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека му одредило притвор на возачот на автобусот на „Шевиќ турс“, Г. З., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешко дело против безбедноста на јавниот превоз.

Во несреќата се повредени 58 лица.

 

28.01.2025 - 08:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега