Мајка и ќерка се тепале пред кафана во Кавадарци
Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци, таа и нејзината 65-годишна мајка О.А., го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР – Велес.
Исто така, како што истакнаа од СВР – Велес, Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници, кои вршеле службени дејствија, односно постапувале по пријавата.
-Ј.Ч. е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласија од СВР – Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа