Димитров: Никој не може да го оспори нашето право да бидеме Македонци

Димитров по средбата со медијаторот Метју Нимиц истакна дека никој нема право да го негира македонскиот идентитет.

-Во Европа во 21-от век не само нашите соседи во Грција, туку и било кој друг не може да го допре моето право и правото на нашите грааѓани да бидат Македонци и да се чувствуваат како такви. Македонија не може да биде само наша, но не може да биде ни само грчка, затоа што имаме дел од Македонија, и трета држава има дел од Македонија. Никој не може да има монопл врз употребата на терминот Македонија, различни нешта подразбираме кога ќе кажеме дека јас сум Македонец или кога некој Грк ќе рече дека е Македонец изјави тој.

 

 

 

01.02.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега