Нимиц: Од Атина не слушнав негирање на идентитетот

Има разлики меѓу двете земји, но од Атина не слушнав негирање на идентитетот, рече денеска медијаторот во македонско-грчките преговори, Метју Нимиц на заедничка прес-конференција со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров.

Тој истакна дека не наишол на ништо кај Грците што го оспорува идентитетот.

-Не наидов на ништо кај грчката страна што го негира идентитетот на народот тука и верувам дека решението кое што е можно е во согласност со заштитата и дури и зајакнување на прашањето за идентитетот, истакна Нимиц на прес-конференција.

Додаде и дека тој е оптимист за спорот.

 

 

 

01.02.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега