Отказ за анестезиологот кој незаконски работел во Санте Плус по смртта на родилката

Отказ за анестезиологот од КАРИЛ кој незаконски бил на породувањето во Санте Плус кога почина 31-годишната родилка од Кичево. Дисциплинска, пак,  за неговиот колега кој го повикал на помош кога жената добила силна реакција од анестезијата. Лекарот ќе го добие отказното решение откако во ТОАРИЛУЦ ќе го добијат  официјалниот извештај од стручната комисија која го испитува случајот со родилката.. Иако станува збор за кадар кој е дефицитарен, здравствените власти категорични дека законите мора да се почитуваат.

-Тоа што е дефицитарен кадар не значи и непочитување на законот, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Од стручната комисија го чекаат уште обдукцискиот извештај од Судска медицина, по што јавно ќе соопштат дали и какви пропусти има при третманот на родилката во приватната болница која почина за време на царскиот рез.

-Наскоро комисијата ќе заврши со работа и ве уверувам дека ќе биде преземено се доколку има потреба за овој случај, вели Филипче.

Неофицијално, лекари од скопските клиники велат дека има пропусти во третманот, а на породувањето присуствувал гинеколог кој не работи во приватната болница.

Во меѓувреме, новороденчето се уште е на одделот за Интензивна нега на Детска клиника и според лекарите е во стабилна здравствена состојба. 

 

 

 

 

31.01.2018 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега