Раскинаа Стефан од Некст Тајм и Драгана Чуприна - убавата водителка има друго момче?
Македонската водителка и манекенка Драгана Чуприна и Стефан од Некст Тајм раскинале. ОТкако многу пати беше лажно разделувана, овој пат дефинитивно стави крај на неколкугодишната романса, објавува Вечер.
Според Вечер, се зборува дека Драгана веќе извесно време е во врска со друго момче. се шушка дека Драгана веќе го преболела пејачот и наводно веќе извесно време е во врска со друго момче. Стефан и Драгана не биле во контакт подолго време, но тоа вешто го криеа од јавноста. Стефан неодамна, пишува Вечер, свесен дека ќе се дознае дека поранешната девојка веќе му нашла замена, сам се "истрча" и се понуди да каже што има ново кај него.
-Зарем нема да ме прашаш што има ново кај мене? Ете ќе ти кажам, немам повеќе девојка, но не ти откривам други детали, се пофалил Стефан за Вечер.
Стефан има огромен број на обожавателки, но, останува да видиме дали некоја од нив ќе му го задржи вниманието.