Раул Гонзалес се огласи по поразот

На прес-конференцијата по денешниот меч, селекторот Раул Гонзалез се обиде да го коментира само поразот од Данска, а не целиот турнир.

– Мислам дека турнирот беше предолг за нас. Додека имавме свежина игравме добро, но видовте дека како турнирот одминува, не стигнува умор. Одигравме многу добри напревари, само со Шпанија загубивме со голема разлика. Можам да сумирам еден солиден турнир за мене како прво искуство на македонската клупа. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, федерацијата, ракометарите, новинарите. Гледате колку е изедначен турнирот, еден гол и една победа можеа многу работи да сменат, заклучи Раул Гонзалез.

 

 

 

24.01.2018 - 21:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега