„Грдата Бети“ конечно зад решетки

 

 

Мексиканската полиција денеска објави дека е уапсен лидерот на нарко картел од градот Хуарес, 47-годишниот Алберт Карило Фуентес познат како „Грдата Бети“.

Карило е уапсен во сојузната држава Најарит во западниот дел на Мексико, по што е предаден на државниот обвинител. Тој се соочува со обвиненија за шверц на дрога, убиство и организиран криминал.

Според мексиканските власти Карило ја преземал контролата над картелот „Сјудад Хуарес“ откако тоа го одбил неговиот брат Видент Карило Фуентес.

Картелот е основан од нивиот брат Амадо Карило Фуентес, познат како „Господар на небото“, кој почина во 1997 година под непознати околности по пластична операција. 

02.09.2013 - 10:03

најчитано сега